Екипата на Металург Автокоманда, која има високи амбиции за следната сезона во Женската Супер лига се засили со нова ракометарка.
Станува збор за ракометарката Ива Божиноска, која доаѓа од редовите на Ѓорче Петров и настапува на позицијата лев бек.
Ракометарката Ива Божиноска освен на лев бек може да одигра и на среден бек, а има настапувано и за екипите на Металург, Вардар Јуниор и Пелистер.

(фото – ЖРК Металург Автокоманда)📷