Македонската репрезентативка Ива Младеновска од следната сезона ќе има нов клуб во ракометната кариера.
Ракометарката Ива Младеновска на крајот од сезоната го напушта тимот на Безансон од Франција.
„Ви благодарам за целата поддршка што ми ја дадовте во текот на година и пол што ја поминав во Безансон. Имав неверојатно искуство таму што никогаш нема да го заборавам. Ви посакувам многу успех во иднина“, – изјави Ива Младеновска.

(фото – ЖРК Безансон)📷








