Во натпревар од 7. коло од Женската Суперлига, екипата на Шампион триумфираше на гостувањето кај екипата на Гевгелија со резултат 24-21. Оваа беше трета победа за екипата на Шампион во Суперлигата.
Во првото полувреме двете екипи беа во предност, додека на полувреме беше 11-8 за ракометарките на Гевгелија. Но во второто полувреме гостите од Скопје имаа контрола врз играта за на крај од натпреварот да си заминат со победа и три бода во Суперлигата.
Најефикасна во составот на Шампион беше Ана Георгиевска со десет погодоци, додека кај екипата на Гевгелија најефикасна беше Драгица Митрова со осум погодоци.
ЖРК Гевгелија 21-24 ЖРК Шампион
(фото-ЖРК Шампион)