Извршниот директор на Рк Бутел Скопје, Лазо Мајнов за интервјуто изјави:
1. Од оваа сезона си Извршен директор во екипата на Бутел Скопје, што ќе се промени во клубот во иднина?
- Прво благодарам за интервјуто. Како извршен директор главна цел ќе ми биде да Рк Бутел Скопје отвори неколку школи за млади категории со одлични услови и тренери за да можеме во блиска иднина заедно да го подигнеме нивото на македонскиот ракомет.
2. Освен во Скопје, дали сте размислувале за отворање на други школи и во други градови?
- Засега планираме најпрво да се отворат школи во Бутел, Радишани и Визбегово.
3. Дали Бутел Скопје за следната сезона ќе донеси нови засилувања?
- Што се однесува на засилувања за наредната година Рк Бутел Скопје има потпишано договори со поголемиот дел од играчите, а и секако дека ќе има засилувања на некои позиции каде е најпотребно со што и наредната година ќе претендираме на врвот на табелата.
4. Дали добро се вложува во спортот, ракометот во Македонија и во екипата на Бутел Скопје?
- За разлика од пред неколку години мислам дека почнува да се вложува во ракометот, се разбира дека треба и повеќе но сепак ваучер системот многу им помага на клубовите. Потребно е повеќе и општините да вложуваат во ракометот, како што е пример во повеќето европски земји каде општините и градовите се главни финансиери на клубовите.
5. Фаворит за титулата во Супер лигата?
- Мислам дека Вардар 1961 е се уште најголем конкурент за титулата.
(фото-Инстаграм/Лазо Мајнов)📷