Екипата на Јуниор Кисела Вода оваа сезона се бори за опстанок во Супер лигата, а претседателот на клубот Ристо Чокрев се надева дека екипата ќе остане и оваа сезона во машката Супер лига.
1. Какви се идните планови на Рк Јуниор Кисела Вода?
- Малку се знае дека Рк Јуниор Кисела Вода е уствари Металург Јуниор кој беше основан 2007 година како втор тим на Металург, кој долги години се натпреваруваше во Супер лига со голем број на играчи кој сега се репрезентативци на Македонија, сегашните планови се да се опстане во супер лигата со млада перспективна екипа на македонски играчи предводена од тренер-играчот Горан Печенковски и спортскиот директор Илија Чокрев, ќе биде тешко но се надевам дека екипата иако неискусна млада ќе се надмине и ќе се избори за опстанок со перспектива да биде стабилен супер лигаш. Главен спонзор на клубот е компанијата Енергија Х, која е реномирана во енергетскиот сектор со голема помош на општината Кисела Вода и познатиот клуб ресторан Рулет Клуб, планот на кратко е Рк Јуниор Кисела Вода да препрасне во стабилен супер лигашки клуб со промовирање на млади перспективни македонски играчи.
2. Што ќе кажите за подмладувањето на репрезентацијата и општо за репрезентацијата?
- Темата репрезентација е посебно интересна во овие денови после учеството на светското првенство, кое беше во јануари и е многу чуствителна, бев директор на репрезентацијата во два мандата со учество на две светски првенства во Хрватска 2009 година со освоено 11-то место и во Катар 2015 година со освоено 9-то место, сметам дека од тогаш 2015 година се направени грешки со подмладувањето и прескокнување на добар дел играчи од генерација 1994 година. Со поставувањето на Кире Лазаров за селектор се направи драстично подмладување со што Кире презема голема одговорност, сепак сметам дека со паметна работа и искуство од последното светско првенство што го стекнаа младите играчи, репрезентативниот ракомет ќе оди во нагорна линија, ќе биде тешко но мора да веруваме и да дадеме сите максимална поддршка на овој сегашен проект на оваа генерација играчи, кои треба да ја вратат репрезентацијата на она што беше долги години со добар рејтинг и меѓу првите топ 10 или 12 репрезентации репрезентации. Македонија и ракометот како спорт број 1 во државата тоа и го заслужува.
3. Долго време бевте во Металург, што се случи зошто клубот се распадна?
- Рк Металург е посебно за жал болно прашање, нарочито за мене кој што цел живот од млади години го поминав таму прво како активен играч 20 години, а после како претседател уште 20 и повеќе години, се гордеам со се што имам направено за мојот клуб, а без лажна скромност направив многу, во мое време клубот прерасна во европски клуб за почит, прво го преземавме приматот во Македонија како најдобар клуб со многу шампионски и куп титули, па најдобар клуб на бившите југословенски простори и последно како 6-ти клуб во Лигата на шампиони и сериозни кандидати за фајналфор, е после се ова е прашањето зошто се Рк Металург и денес го нема ни во Европа, па ни во супер лигата на Македонија, имам многу одговори зошто дојде до ова и да се разбереме се чуствувам јас како главен виновник со сите мои соработници тогаш за се ова што му се случува на Рк Металург денес и се молам и повикувам клубот да не згасне пошто едноставно Рк Металург за доброто на македонскиот ракомет мора да постои и не смее да се дозволи да го нема.
4. Дали добро се вложува во спортот, ракометот во Македонија?
- Не, е одговорот на вашето прашање дали се вложува во спортот и ракометот, во споредба со некои држави од соседството да не одиме подалеку, многу малку се вложува во спортот кај нас, со законот за спорт и ваучерскиот систем малку се мрдна од мртва точка на подобро, но мислам дека треба да претрпи големи измени сегашниот систем, на пример јас би предложил само генералните спонзори на клубовите и врвните индивидуални спортисти да добијат даночно олеснување со што ќе се заинтересираат компаниите од бизнис секторот да вложуваат и спонзорираат во спортот, има модели и од соседството што би требало да се приметат и кај нас ама државата ни е на стаклени нозе, а не па спортот и вложувањето во него.
5. Ако се има финансии дали би формирале женски клуб под името ЖРК Јуниор Кисела Вода?
- Па најискрено не, затоа што едно се нема финансии, а друго и нема Рк Јуниор Кисела Вода ни термини ни сала за такво нешто.


(фото – Рк Јуниор Кисела Вода)📷