Интервју со ракометарката на ЖРК Спартак, Сара Самарџиоска

Продолжуваме со серијата на интервјуа, овој пат направивме интервју со ракометарката на ЖРК Спартак, Сара Самарџиоска, која настапува во сениорската екипа.

1. На колку години започна да тренираш ракомет?

  • Ракомет започнав да тренирам на 12 години.

2. За кои клубови имаш настапувано во твојата кариера?

  • Во мојата кариера имам настапувано за ЖРК Велкова 5, ЖРК Скопје 2020, ЖРК Шампон и ЖРК Спартак.

3. Дали во иднина се гледаш во дресот на репрезентацијата на Македонија?

  • Да, како и секоја ракометарка, би ми било чест да ги бранам боите на Македонија.

4. Кои се твоите идни планови во ракометната кариера?

  • Моите идни планови се, да продолжам да тренирам ракомет и доколку ми се пружи шанса, кариерата да ја продолжам надвор од Македонија.

5. Дали добро се вложува во спортот, а посебно ракометот во Македонија?

  • Во Македонскиот спорт се вложува многу малце, и сметам дека женскиот ракомет во Македонија е премногу запоставен.

(фото – Инстаграм/Сара Самарџиоска)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Добивајте ги најновите вести

Внесете го вашиот Емаил за да се претплатете се да ги добивате најновите вести

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *