Интервју со судиската двојка Матеј Николов и Драган Начевски

Продолжуваме со серијата на интервјуа, овој пат направивме интервју со судиската двојка Матеј Николов и Драган Начевски, синови на Славе Николов и Ѓорѓи Начевски.

  1. Како е да сте синови на двајцата најдобри судии во Македонија, Славе Николов и Ѓорѓи Начевски?
  • Не е лесно, да знаеш дека секој пат кога ќе искочиш на терен дека те гледаат очи не само од нашата земја, туку од цел свет, одговара Матеј.
  • Па искрено не е лесно.. константно сме под притисок за тоа како судиме што правиме и слично.. Тешко е некој да ги надмине во светот но ке се обидеме дат стигнеме и приближно до тоа што се они денес, одговара Драган.

2. Колку години судите заедно и дали пред вас имате голем предизвик?

  • Судиме вкупно 6 години, но првата сезона не добивме многу акција пради Ковид-19. Пред нас не чека скоро невозможна мисија, но ние сме спремни за се што не чека, одговара Матеј.
  • Заедно судиме 6 години, и сметаме дека имаме голем предизвик да, сепак сите очекуваат да бидеме најдобри поради резимето што го носиме па затоа и ке се обидеме да им докажеме на сите кој сме и што сме, одговара Драган.

3. Дали во иднина би ги наследиле вашите татковци Славе и Ѓорѓи?

  • Тоа е нашата визија, ние сакаме да ги пројдеме во секој аспект. Иако тоа ќе е многу тешко, спремни сме за сите препреки да ги пројдеме, одговара Матеј.
  • Се надеваме да, одговара Драган.

4. Како би ги оцениле вие вашите татковци Славе и Ѓорѓи и дали некогаш прават грешки во судењето

  • Тоа е тешко да се каже, дури и за нас, нивниот осет за играта го нема никој, грешки да им бараш е тешко со тоа што не се грешки што обичниот навивач би ги приметил, знаењето нивно за правилата е феноменално каде што нема никој што ги знае како нив, одговара Матеј.
  • Одлични судии, па поретко се случува но е нормално на крајот на денот сите сме луѓе, одговара Драган.

5. За крај за интервјуто што ќе изјавите двајцата?

  • Верувам ќе успееме во нашата мисија и ќе стигнеме блиску до нивниот успех, се во свое време. Патот нанапред е тежок и непредвидлив, но ние сме спремни да надминеме се што е пред нас, одговара Матеј.
  • Имаме многу предизвици што не чекаат, но со многу труд и работа ќе совладаме се што е пред нас, одговара Драган.

(фото – Архива)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *