Македонската репрезентативка Исидора Котевска е успешно оперирана и ја чека долга пауза од ракометните терени.
Ракометарката Исидора Котевска заработи повреда на предните вкрстени лигаменти и ќе ја пропушти оваа сезона.
“Со задоволство ја информираме јавноста и поддржувачите на ЖРК Атлетик дека нашата ракометарка Исидора Котевска успешно беше оперирана на коленото. Медицинскиот зафат помина во најдобар ред и според предвидениот план”, – стои во објавата на ЖРК Атлетик.

(фото – ЖРК Атлетик)📷








