Машката кадетска репрезентација на Македонија загуби од селекцијата на Шпанија со конечни 31-26 на Европскиот олимписки фестивал во Скопје.
Иако Македонија имаше водство и добро парираше, сепак на крај беше поразена од селекцијата на Шпанија.
Најефикасни во селекцијата на Македонија беа Поповски со седум гола, додека Петрески и Стојановиќ имаа по пет гола.
(фото – 24Ракомет)📷