Четири натпревари, четири победи и пехар за Струга. Во неизвесното финале на 19. Турнир на ракометни надежи во Лесковац, кадетите на Струга славеа со еден гол разлика против Потисје Плетекс од Ада, Војводина.
Две индивидуални признанија одат во Струга: Симон Трпоски е избран за најдобар голман, а Петар Дуноски е прогласен за најдобар играч на турнирот.
Екипата на Струга настапи во сите три категории со 50 млади ракометари од генерациите 2010, 2012 и 2014.
Пионерите и помладите пионери завршија на петтото место од осум екипи во своите категории, со по две победи и два пораза.

(фото – Рк Струга)📷








