Екипата на Вардар изминатите два дена беше гостин со пионерките и кадетките во Србија, во Нови Сад.
Кадетките и пионерките одиграа пријателски натпревари со екипата на Војводина и против регионалната селекција на покраината Војводина.
“Девојките со ова гостување се здобија со драгоцено меѓународно искуство кое е корисно за нивниот напредок и развој. Вардарки покажаа поврзаност со светитте црвено-црни бои и одважност вардаров спортски дух што беше причина домаќините да изразат почит кон целата експедиција. Овој изминат викенд е почеток на нова клубска соработка, во иднина се очекува ние да го прикажеме гостопримството на овие екипи”, – изјавија од ЖРК Вардар.
(фото – ЖРК Вардар)📷











