Средниот бек Давид Јаневски потпиша договор со ракометниот клуб Бутел Скопје до 2026 година.
Тој доаѓа од Мулти Есенс, откако минатата сезона на кадетскиот Ф4 беше прогласен за најдобар среден бек на турнирот.
Јаневски беше и на поширок список на кадетската репрезентација на Македонија. Освен за Мулти Есенс, Јаневски има настапувано и за Алушовски, Вардар и Алкалоид во младинските категории.

(фото – Рк Бутел Скопје)📷