Ракометарите на Кил забележаа минимална победа кај екипата на ППД Загреб со 28-27 во натпревар од Лигата на шампионите. Најефикасен во екипата на Кил беше Домагој Дувњак со пет погодоци, додека кај екипата на Загреб најефикасен беше Давид Мандиќ со шест погодоци.
Веспрем славеше победа против Киелце со конечни 35-33. Најефикасен во составот на Веспрем беше Петар Ненадиќ со шест погодоци, додека кај екипата на Киелце најефикасен беше Алекс Душебаев со шест погодоци.
Резултати од 13. коло од Лигата на шампионите (мажи):
Динамо Букурешт 31-39 ПСЖ
Мотор Запорожје – Барселона одложена
Веспрем 35-33 Киелце
ППД Загреб 27-28 Кил
(фото-ЕХФ)📷