Селекторот на машката сениорска репрезентација Кирил Лазаров го објавува поширокиот список на ракометари за претстојните квалификациски натпревари за пласман на Европското првенство во 2026 година.
На списокот повикани се 35 ракометари. Во рамки на ЕХФ Неделата нашата сениорска селекција ќе одигра два квалификациски натпревари против Естонија и Литванија. Нашите најдобри ракометари во првото квалификациско коло ќе играат против селекцијата на Естонија во СЦ „Борис Трајковски“, а натпреварот е закажан за 06.11.2024 година (среда) со почеток во 20:00 часот.
Во второто квалификациско коло нашите ракометари ќе играат на гостински терен против селекцијата на Литванија во литванскиот град Вилнус, а почетокот на натпреварот е закажан за 17:00 часот по локално време.

(фото – РФМ)📷