Кире Лазаров го објави скратениот список кај сениорите

Селекторот на машката сениорска репрезентација Кирил Лазаров го објавува списокот на повикани ракометари за претстојните квалификациски натпревари за пласман на Европското првенство во 2026 година.

На списокот повикани се 20 ракометари. Во рамки на ЕХФ Неделата нашата сениорска селекција ќе одигра два квалификациски натпревари против Естонија и Литванија.

Нашите најдобри ракометари во првото квалификациско коло ќе играат против селекцијата на Естонија во СЦ „Борис Трајковски“, а натпреварот е закажан за 06.11.2024 година (среда) со почеток во 20:00 часот.

Во второто квалификациско коло нашите ракометари ќе играат на гостински терен против селекцијата на Литванија во литванскиот град Вилнус, а почетокот на натпреварот е закажан за 17:00 часот по локално време.

На списокот има и осум резерви, а тоа се Никола Митревски, Гоце Ојлески, Емилијан Ѓорговски, Давид Савревски, Мартин Карапалевски, Ален Ќосевски, Никола Маркоски и Самоил Ристевски.

Собирот се закажува за ден 3-ти ноември 2024 година (недела) со почеток во 14:00 часот во Хотел Карпош во Скопје.

https://macedoniahandball.com.mk/wp-content/uploads/2024/10/spisok-za-sobir-na-seniorska-mashka-reprezentaczija-30102024.pdf

(фото – РФМ)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *