Ракометната репрезентација на Македонија славеше со 38-37 над Израел во рамките од „Кроација купот”, во последниот меч од подготовките за СП 2023 во Краков.
„Одигравме квалитетен турнир со квалитетни противници. Имаме еден слободен ден и потоа почнуваме со подготовки за конкретни работи за следните два противника, Норвешка и Холандија. Задоволен сум од сработеното во текот на подготовките, како и од прикажаното на контролните натпревари. Одбраната ќе ја поправиме, но треба да знаеме дека играме во силен ритам во текот на сите 60 минути. Во едно такво темпо, нормално е да се дава и прима повеќе голови. Во секој случај, има голем простор за напредок во нашата дефанзива, ќе работиме на тоа до почетокот на светското првенство”, – изјави Лазаров.
Македонските ракометари ќе тренираат во Скопје и во наредните денови, а потоа заминуваат за Краков, град кој ќе биде нивна база во текот на првата мундијалска фаза.
(фото – РФМ)📷