Кичево 2020 со три бода против Овче Поле

Екипата на Кичево 2020 забележа победа на домашен терен против Овче Поле со 27-25 во натпревар од плеј-аутот од Првата лига.

На полувреме беше нерешено со 14-14. Во второто полувреме Кичево 2020 направи резултат и се радуваше на победа против Овче Поле.

Најефикасни во тимот на Кичево 2020 беа Никола Нацев и Стефан Стефаноски со по шест гола, додека кај Овче Поле најефикасен беше Мики Панев исто така со шест гола.

(фото – Рк Кичево 2020) 📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.