Се одиграа и се комплетираа вторите натпревари од Лигата на Европа од осминафиналето во машка конкуренција и четвртфиналето во женска конкуренција.
Победи во осминафиналето кај мажите забележаа екипите на ГОГ Гудме, Лимож, Мелсунген и Тулуз.
Лига на Европа (мажи), осминафинале, резултати:
ГОГ Гудме 34-31 Бенфика
Лимож 36-28 Криенс Луцерн
Мелсунген 29-25 Гумерсбах
Тулуз 30-28 Порто
Лига на Европа (мажи), четвртфинале:
Бидасоа Ирун – Мелсунген
ГОГ Гудме – Фленсбург
Лимож – Кил
Порто – Монпелје
Победи во четвртфиналето кај жените забележаа екипите на Валчеа, Бера Бера, Дижон и Дунареа Браила.
Лига на Европа (жени), четвртфинале, резултати:
Валчеа 32-30 Турингер
Бломберг 24-26 Бера Бера
Бенсхајм 26-28 Дижон
Дунареа Браила 30-29 Икаст
(фото – ЕХФ)📷