Управниот одбор на Машката и Женската регионална ракометна лига ја одржа својата прва – конститутивна седница.
Седницата се одржа преку видеоконференциска врска, а Управниот одбор го сочинува по еден претставник од трите сојузи основачи: Ракометниот сојуз на Србија, Ракометната федерација на Македонија и Ракометниот сојуз на Црна Гора.
Конституиран е Управниот одбор на Лигата, кој истовремено ја извршува функцијата на Одбор на директори на друштвото „Регионална ракометна лига“ ДОО Подгорица. За претседател на Управниот одбор е избран Иван Миливојевиќ, при што е утврден и редоследот на ротирачко претседавање по сезони.
Усвоен е Деловникот за работа на Управниот одбор, со кој се уредуваат свикувањето и текот на седниците, електронското одлучување, кворумот и начинот на донесување одлуки. За извршна директорка на лигата е именувана Милена Раичевиќ, прославена поранешна ракометарка, со мандат од две сезони.
Усвоени се Правилникот за натпреварување и Дисциплинскиот правилник, кои ќе се применуваат од сезоната 2026/27 во двете натпреварувања. Именувани се комесарите на lигата и Дисциплинската комисија, со мандат од две сезони.
Извршна директорка на лигата: Милена Раичевиќ (Црна Гора)
– Комесар за натпреварување: Ѓоко Колевски (Македонија)
– Комесар за судење: Ненад Николиќ (Србија)
– Комесар за безбедност: Веселин Радетиќ (Црна Гора)
Дисциплинска комисија: Бојан Перовиќ (Србија), Борко Бајалски (Македонија), Стефан Шапоњиќ (Црна Гора). До националните ракометни сојузи ќе биде упатен повик за доставување листи на судии и делегати за сезоната 2026/27.. Утврден е текстот на договорот за учество помеѓу лигата и клубовите учесници, чие потпишување ќе следува во наредниот период. Верификувани се заклучоците од конститутивните собранија на MRHL и WRHL, одржани на 1 јули 2026 година.
(фото – РФМ)📷








