Екипата на Овче Поле, која има високи амбиции за новата сезона во Првата лига го продолжи договорот со актуелен ракометар.
Станува збор за ракометарот Кристијан Стаменков, кој и следната сезона ќе го носи дресот на Овче Поле.
“Еден од столбовите на екипата и човекот кој со години ја предводи нашата приказна на теренот, Кристијан останува верен на клубот. Со својата пожртвуваност, борбеност и капитенски дух, тој продолжува да биде пример како се брани грбот на клубот и како се игра со срце за боите што ги претставуваш”, – објавија од ГРК Овче Поле 1958 на социјалните мрежи.

(фото – ГРК Овче Поле 1958)📷








