Кубанецот Реиние Табоада го напушта Еурофарм Пелистер и се сели во Данска

Репрезентативецот на Куба, Реиние Табоада во јуни оваа година ја напушта екипата на Еурофарм Пелистер и се сели во Данска во екипата Фредериција,

Реиние Табоада кој има 24 години, со екипата на Фредериција потпиша договор на две сезони до 2024 година, и од следната сезона ќе настапува во Данска.

“Данската лига е на високо ниво, каде треба да се биде подготвен за секој натпревар. Фредериција е клуб кој напредуваше во последните сезони и мислам дека е добар проект за мене да бидам дел од него. Ќе се борам со тимот да се пласираме во европскиот ракомет и да завршам на врвот на табелата. Моето семејство и јас со нетрпение очекуваме да се преселиме во Фредериција”, – изјави Реиние Табоада.

Реиние Табоада претходно настапуваше и за Данкерк и Аванка.

(фото – Рк Фредериција)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Добивајте ги најновите вести

Внесете го вашиот Емаил за да се претплатете се да ги добивате најновите вести