Екипата на Куманово, која има високи амбиции за следната сезона во Супер лигата се засили со неколку нови ракометари.
Нови членови на Куманово се Филип Мечкароски од Струга, Марко Трајковски од Пролет, Матеј Новаковски од Бутел, Бојан Гичев од Еурофарм Пелистер 2, Хамза Мамду Ибрахим од Египет и Наум Костов од Струга.
Куманово остана без Давид Димевски, Тоше Ончев, Борјан Цековски, Мартин Иванов, Александар Стојков и голманот Мартинез.

(фото – МРК Куманово)📷








