Куманово го совлада Текстилец и се пласираше во наредната фаза од Купот

Екипата на Куманово забележа победа против Текстилец со 28-21, и се пласираше во наредната фаза од Купот на Македонија.

Тимот на Куманово и на пауза имаше предност од 12-9. Во второто полувреме продолжи добрата игра на Куманово, па на крај да се радува на триумф против Текстилец.

Најефикасен во тимот на Куманово беше Влатко Тасевски со седум гола, додека кај Текстилец најефикасен беше Дарио Јорданов исто така со седум гола.

(фото – МРК Куманово)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.