Ракометарот на Вардар 1961, Куни Моралес, од следната сезона ќе има нов клуб во својата кариера.
Тој потпиша договор со екипата на ППД Загреб од Хрватска, и ќе остане најмалку две сезони во екипата.
„Доаѓам во клуб кој долги години е присутен на најголемата ракометна сцена – во Лигата на шампионите на ЕХФ. Моја лична цел е секако да давам максимум на секој тренинг и на секој натпревар и на тој начин да му помогнам на клубот да ги постигне своите цели. Среќен сум и што повторно ќе ја делам соблекувалната со поранешниот соиграч Тимур Дибиров, кој е одличен пример за врвен професионалец и личност која секогаш е подготвена да помогне!“, – изјави Kуни Моралес.
(фото – Рк ППД Загреб)📷