Екипата на Еурофарм Пелистер забележа победа против Мотор Запорожје со резултат 33-30 во натпревар од Лигата на Европа.
За овој натпревар, своја изјава имаше и тренерот на Еурофарм Пелистер, Ларс Валтер.
“Можевме да забележиме дека и денес ни недостигаа ракометари, бидејќи на крајот бевме многу уморни. Но, сите се бореа и дадовме сè и малку повеќе од можностите. За еден тренер беше убаво да се види тимот денес. Игравме против тим чии бекови шутираат од преку 11 метри без проблем. Знаевме дека е поинаку да се брани против такви ракометари, но беше поразлично. Посебно во вториот дел одигравме есктремно добро. Почнавме да играме подобра во одбраната, на крајот моравме да менуваме тројца ракометари, па затоа примивме повеќе голови од контри. Ракометарите се бореа и навистина сум горд на нив. Нормално е ова за Хенеберг. Во шега веќе му кажав дека следниот пат очекувам малку повеќе. В петок играме против Тиквеш, па ни следи Бидасоа во Шпанија. Имаме нови проблеми, Павле Атанасијевиќ веројатно ќе биде некое време отсутен, но Хосни се врати, па иако не беше максимално подготвен, си ја заврши работата на крајот, Сега мора брзо да се регрупираме и знам дека и в петок ќе биде тешко, но мора да го задржиме моментумот. Позитивно размислувам по денешната победа”, – изјави Ларс Валтер.
(фото – Рк Еурофарм Пелистер)📷