Екипата на Еурофарм Пелистер утре со почеток од 20:45 часот ја очекува натпревар против тимот на Фуксе Берлин во Лигата на Европа.
За овој натпревар своја изјава имаше и тренерот на Еурофарм Пелистер, Ларс Валтер.
“Патуваме во Берлин со цел да продолжиме да се подобруваме, да ги имплементираме новите и задравените ракиметари во нашиот систем. Суси се враќа во екипата, но превентивно нема да настапат Хенеберг и Ојлески. Овој натпревар против врвна екипа е шанса да покажеме што работиме овој период. Шанса ќе добијат и ракометари кои играа помалку во овој период. Се надевам дека ќе ја подобриме и нашата игра „шест на пет“, бидејќи имаме многу лош учинок со ракометар повеќе. Фуксе Берлин е врвна екипа и не треба да се трошат зборови. Се работи за еден од фаворитите во натпреварувањето”, – изјави Ларс Валтер.
(фото – Рк Еурофарм Пелистер)📷








