Ласе Андерсон кој игра на позиција лев бек ја продолжи соработката со Фуксе Берлин до јуни 2025 година.
Левиот бек Ласе Андерсон имаше договор до 2023 година, но сега е продолжен до 2025 година. Тој минатата година пристигна од тимот на Барселона во која настапуваше четири години.
Директорот на клубот Боб Ханинг истакна: „Ласе е уште еден клучен елемент во успешната приказна на Фуксе Берлин. Континуитетот во ростерот е основа за успех. Во првите две години Ласе покажа колку може да биде вреден за нашиот клуб. Со нетрпение очекувам да ја затворам загатката со ова продолжување на договорот“.
Ласе Андерсон има настапувано за КИФ Колдинг, Барселона, а сега го продолжи договорот и со Фуксе Берлин, а настапува и за репрезентацијата на Данска.

(фото-Рк Фуксе Берлин)📷