Македонскиот голман Борко Ристовски и Лемго обезбедија четвртфинале во Купот на Германија, откако го совладаа тимот на Елбфлоренц со резултат 32-27.
Борко Ристовски на овој натпревар имаше осум одбрани. На другите натпревари Магдебург славеше против Бергишер со 43-31, Рајн Некар Левен забележа победа против Мелсунген со конечни 36-28, додека Гумерсбах беше подобар од Хам Вестфален со резултат 34-31.
(фото – Рк Лемго)📷