Со презентација и официјална прес-конференција денес започна ерата на Лино Червар во Битола.
Хрватскиот стручњак беше претставен пред многубројните медиуми и за првпат позираше со дресот на Еурофарм Пелистер.
Тој истакна дека доаѓа мотивиран во најголемиот македонски клуб и ветува беспрекорна работа.
На првиот чин на Червар во Битола присуствуваа и неговите соработници во стручниот штаб. Червар ќе прозива во Битола на 26 јули, а екипата покрај во Битола ќе се подготвува во Словенија.
(фото – Рк Еурофарм Пелистер)📷











