Екипата на Илинден, која во новата сезона ќе игра во Првата лига и има високи амбиции се засили со нов ракометар.
Станува збор за Лука Перуновски, 19-годишниот среден и лев бек, кој своето ракометно искуство го градеше во младинските категории на Голден Арт, Бутел и Вардар, во новата сезона ќе ги брани боите на Илинден.
Со Бутел има освоено второ и трето место во младинска конкуренција, а беше и дел од собир на кадетската репрезентација на Македонија.

(фото – Рк Илинден)📷








