Македонија го совлада Азербејџан

Селекцијата на Македонија ја совлада селекцијата на Азербејџан со високи 37-22 во квалификациите за пласман на ЕП 2024 година.

Македонија во текот на целиот натпревар беше во водство, па така на крај стигна до висока победа против Азербејџан.

Најефикасни во репрезентацијата на Македонија беа Јована Саздовска со седум гола и Сара Ристовска со шест гола, додека кај Азербејџан најефикасна беше Бајрамова со седум гола.

(фото – РФМ)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.