Репрезентацијата на Македонија загуби на првиот натпревар на Европското првенство против репрезентацијата на Словенија со 27-25.
Македонија со 4-1 го отвори натпреварот, но се случи пад во играта, и Словенија успеа да се врати со неколку брзи гола и да го превземи водството од 4-7. Но Македонија не се предаваше и парираше на Словенија. Словенците на полувреме имаа водство од 13-10. Во вториот дел се играше гол за гол, но на крај се случи голем пад во репрезентацијата на Македонија и Словенија со два гола разлика славеше победа.
Најефикасен во Македонија беше Цветан Кузманоски со осум погодоци, додека кај Словенија најефикасен беше Јуре Доленец со шест погодоци.
Словенија 27-25 Македонија
(фото-ЕХФ)📷