Репрезентацијата на Македонија загуби од Црна Гора со 24-28 во второто коло од Европското првенство.
Од почетокот на средбата Црна Гора го имаше водството, и на полувреме замина со предност од еден гол разлика 16-17. Во вториот дел Македонија се обидуваше да се врати, но пресудија грешките за на крај Црна Гора да извојува победа.
Најефикасен во Македонија беше Мартин Велковски со шест погодоци, додека кај Црна Гора најефикасен беше Милош Вујовиќ со шест погодоци.
Македонија 24-28 Црна Гора
(фото-РФМ)📷