Македонија загуби од Шпанија на Медитеранските игри

Машката сениорска репрезентација на Македонија загуби од селекцијата на Шпанија со високи 22-31 на Медитеранските игри.

Шпанија на пауза замина со висока предност од 8-14. Во второто полувреме Шпанија ја зголемуваше разликата, па на крај славеше убедливо против Македонија.

Најефикасен во составот на Македонија беше Мартин Серафимов со осум погодоци, додека во составот на Шпанија најефикасен беше Одриозола со четири погодоци.

(фото-МОК)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.