Македонија примена во медитеранското семејство како полноправна членка (ФОТО)

На денешниот, седмиот конгрес на Медитеранската ракометна конфедерација, Македонија беше примена во медитеранското семејство како полноправна членка.

Конгресот на Медитеранската конфедерација се одржа во рамките на изборниот конгрес на Меѓународната ракометна федерација во главниот град на Египет, Каиро.

Македонија досега имаше статус на придружна членка. Наредната година во февруари, на Медитерански шампионат во Приштина ќе играат пионерките, а ист ќе биде случај и со кадетите во април во Словачка. Сениорите ќе бидат дел од Медитеранските игри во август во италијанскиот град Таранто.

(фото – РФМ)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *