
Македoнија и РФМ ќе бидат домаќини на Медитеранскиот шампионат за кадети во 2027 година!
Ракометната федерација на Македонија ќе биде домаќин и организатор на Медитерански шампионат за кадети, кој ќе се одржи од 18 до 25 април 2027 година во Скопје.

Ракометната федерација на Македонија ќе биде домаќин и организатор на Медитерански шампионат за кадети, кој ќе се одржи од 18 до 25 април 2027 година во Скопје.

На денешниот, седмиот конгрес на Медитеранската ракометна конфедерација, Македонија беше примена во медитеранското семејство како полноправна членка.