Ракометната федерација на Македонија ќе биде домаќин и организатор на Медитерански шампионат за кадети, кој ќе се одржи од 18 до 25 април 2027 година во Скопје.
Извршниот комитет на Медитеранската ракометна конфедерација, на седницата одржана на 27 август 2026 година, едногласно донесе одлука организацијата на шампионатот да ѝ биде доделена на Македонија.
На првенството право на настап ќе имаат ракометари родени во 2010 година и помлади.

(фото – РФМ)📷








