Екипата на Македонија Ѓорче Петров забележа победа против екипата на Илинден со конечни 39-32 во натпревар од Првата лига.
Ракометарите на Македонија Ѓорче Петров водеа во текот на целиот натпревар за на крај да прослават победа против Илинден.
Најефикасни во редовите на Македонија Ѓорче Петров беа Бојан Чакалиќ и Александар Симоновски со по седум гола, додека кај Илинден најефикасен беше Стефан Зенговски со девет гола.
(фото – Рк Македонија Ѓорче Петров)📷








