Екипата на Македонија Ѓорче Петров забележа висока победа против екипата на Јехона со конечни 35-23 во Првата лига.
Составот на Македонија Ѓорче Петров победата ја обезбеди уште во првото полувреме, кога на полувреме водеше со високи 17-7.
Најефикасен во редовите на Македонија Ѓорче Петров беше Мартин Бучуковски со 11 гола, додека кај Јехона најефикасен беше Јовица Костоски со 6 гола.
(фото – Рк Македонија Ѓорче Петров)📷








