Составот на Македонија Ѓорче Петров забележа сигурна победа против Партизан Гевгелија со 49-29.
Тимот на Македонија Ѓорче Петров од почетокот на натпреварот направи високо водство, па така немаше проблеми околу победата против Партизан Гевгелија.
Најефикасни во редовите на Македонија Ѓорче Петров беа Стефан Нацев и Максимилијан Ѓиноски со по 10 голови, додека кај Партизан Гевгелија најефикасен беше Марко Михајловиќ со 8 голови.
(фото – Рк Македонија Ѓорче Петров)📷