Екипата на Македонија Ѓорче Петров забележа висока победа против екипата на Радовиш со убедливи 37-24 во Првата лига.
Ракометарите на Македонија Ѓорче Петров диктираа темпо на резултатот, па на крај да слават победа против Радовиш.
Најефикасен во редовите на Македонија Ѓорче Петров беше Бојан Чакалиќ со осум гола, додека кај Радовиш најефикасни беа Илија Димов и Филип Костадинов со по шест гола.
(фото – Рк Македонија Ѓорче Петров)📷








