Екипата на Македонија Ѓорче Петров триумфираше против екипата на Текстилец со резултат 29-27 во натпревар од Првата лига.
Иако на полувреме Текстилец имаше водство од 16-12, сепак на крајот од натпреварот Македонија Ѓорче Петров се радуваше на победа.
Најефикасен во тимот на Македонија Ѓорче Петров беше Стефан Нацев со девет гола, додека кај Текстилец најефикасен беше Милисав Петров со шест гола.
(фото – Рк Македонија Ѓорче Петров)📷