Маријан Михалчик го засилува Хановер од следната сезона

Екипата на Хановер за следната сезона се засилува со бекот Маријан Михалчик кој доаѓа од екипата на Фуксе Берлин.

Хановер и Михалчик кој има 25 години се договорија на тригодишна соработка. Маријан Михалчик настапуваше за екипата на Минден и Фуксе Берлин, а настапуваше и за репрезентацијата на Германија.

„Иако мојот договор сè уште траеше со Фуксе Берлин, но Хановер се трудеше многу за мене, што ме импресионираше,” – изјави Маријан Михалчик.

(фото-Рк Хановер)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Добивајте ги најновите вести

Внесете го вашиот Емаил за да се претплатете се да ги добивате најновите вести