Македонската ракометарка Марија Николовска од Чаир, во продолжението од сезоната ќе има нов предизвик во својата кариера.
Таа потпиша договор со екипата на АЕК Атина од Грција. Марија Николовска во Македонија настапуваше за екипите на Чаир, Вардар и Ѓорче Петров.
„Многу сум среќна поради овој нов почеток и што ми се дава можност да играм во таков историски тим како што е АЕК. Сакам да се радувам на оваа сезона и да стекнам искуства. Секогаш ќе давам се од себе, без разлика на противникот. Се надевам дека оваа сезона ќе оствариме важни победи. За мене е чест да играм во толку голем клуб. Конечно, се надевам дека ќе ги постигнеме целите што ги поставивме“, – изјави Марија Николовска за клупскиот вебсајт на АЕК Атина.

(фото – ЖРК АЕК Атина)📷