Поранешниот македонски репрезентативец Марко Нелоски ја стартува тренерската кариера како практикант во ракометниот клуб Голден Арт.
По завршувањето на потребните модули во организација на Здружението на ракометни тренери на Македонија, со кои Нелоски се стекна изминатиот период, од следната сезона во Голден Арт ќе стекнува пракса и ќе го изучува тренерскиот занает.
“Голден Арт како спортски колектив, покрај тоа што во својата политика на делување има развој на македонски ракометари, во иднина ќе се насочи и кон создавање на стручен кадар, со единствена цел подобрување на состојбата во Македонија во овој сегмент”, – изјавија од Голден Арт.
(фото-Рк Голден Арт)📷