Марко Срдановиќ го продолжи договорот со Вардар 1961 до 2026 година!

Само што почна новата сезона во ракометното првенство, каде Вардар 1961 тргна добро и според планираното, клубот веќе работи на склопување на мозаикот и изгледот на тимот што ќе продолжи да игра и да се бори за трофеи.

Првиот играч кој има договор со „црвено-црните“ и реши да остане уште две сезони е левото крило Марко Срдановиќ (25).

Српскиот интернационалец одлично се снајде во дресот на Вардар 1961 и на сите натпревари на кои настапи го потврди својот квалитети, и покажа дека одлуката на македонскиот клуб да го ангажира била вистинска. Задоволни од неговиот настап, Вардар 1961 му понуди нов договор на Срдановиќ според кој тој треба да остане во Скопје најмалку до 2026 година.

„Доаѓањето во Вардар ми беше најдобриот потег во кариерата. Одлично се снајдов во Скопје, клубот и играчите ме прифатија како семејство, и таа хемија носи резултат. Вардар создава тим што во иднина ќе биде не само квалитетен, туку и доминантен. Затоа сметам дека останувањето во Скопје е уште еден вистински потег. Имам одлични соиграчи, управа и пред се навивачи. Тоа секогаш носи резултат”, – вели Срдановиќ.

(фото – Рк Вардар 1961)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Добивајте ги најновите вести

Внесете го вашиот Емаил за да се претплатете се да ги добивате најновите вести