Матео Фадуил е нов ракометар на Вардар

Вардар го договори ангажманот на францускиот среден бек Матео Фадуил, кој од следната сезона ќе го носи дресот на „црвено-црните“.

Фадуил има 23 години, настапува на позицијата среден бек, а во Вардар доаѓа од француски Трембле, клуб во кој игра од 2022 година.

Во целата досегашна кариера играл во Франција. Во своите помлади години беше дел од системот на Нант, каде се развиваше како еден од интересните млади ракометари, а претходно во кариерата настапувал и за Кретеј и Саран.

Во сезоната 2025/26, Матео Фадуил е еден од најважните играчи на Трембле. Според официјалната статистика на француската лига, тој има 160 гола од 266 шута, односно 60,15 проценти реализација, со што во моментот е 4. стрелец во целата француска лига.

(фото – Рк Вардар 1961)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *