Екипата на Металург Автокоманда забележа висока победа против Овче Поле Славјански Универзитет со 37-18 во Женската Супер лига.
Металург Автокоманда ја оправда фаворитската улога, затоа што на полувреме веќе имаше висока предност од 22-9.
Најефикасна во редовите на Металург Автокоманда беше Таида Беровиќ со 11 гола, додека кај Овче Поле Славјански Универзитет најефикасна беше Нина Крстева со пет гола.
(фото – ЖРК Металург Автокоманда)📷