Ракометарките на Металург загубија од екипата на ПАОК со високи 26-17 во првиот натпревар од Европскиот Куп.
ПАОК во првото полувреме направи добра серија, па на пауза замина со предност од 11-7. Во второто полувреме продолжи добрата серија на ПАОК, за на крај да слави против Металург.
Најефикасна кај екипата на Металург беше Ива Божиновска со осум гола, додека кај екипата на ПАОК најефикасна беше Катципарасиду со осум гола.
(фото-ЖРК Металург)📷