Тимот на Металург забележа победа на гостувањето во Струга кај екипата на Стружанка со високи 31-16 во Женската Супер лига.
Металург направи добра серија во првото полувреме, па на пауза замина со предност од 15-7. Во второто полувреме Стружанка не успеа да парира на Металург, и мораше да се задоволи со пораз.
Најефикасна во тимот на Металург беше Мила Трајковиќ со 9 гола, додека кај екипата на Стружанка најефикасна беше Магдалена Делиоска со 10 гола.
(фото – ЖРК Металург)📷